Sunday, March 15, 2009

Удобноста на повторувањето...или зошто секогаш ни се свиѓаат ист тип на луѓе?

Шемите и урнеците се секогаш добра и корисна работа. Во секојдневните работни обврски го скратуваат времето поминато на завршување на една работа на половина. Го земате веќе порано искористениот урнек и со мали измени го користите за новата работа.


Но, во светлината на моето скорешно откровение, се прашувам дали шемите и урнеците се добра и пожелна работа и во љубовта?


Секој од нас е привлечен кон одреден тип на дечко или девојка, тоа е дел од нашиот животен вкус. Впрочем ако тргнете од претпоставката дека секоја врска, макар и најкратката и најбезвезната, е извор на искуство и знаење, тогаш овој произведен тип на дечко или девојка кој не привлекува е само резултат на долгогодишно “теренско“ истражување. Проблемот доаѓа во моментот кога сфаќате дека секоја од тие врски со ваш тип на дечко или девојка (што би се рекло партнер по мерка) завршила со несреќен крај. Нужно си го поставувате прашањето : што тука не е во ред? Дали сме привлечени кон “лош“ тип на дечковци/девојки? Дали таа хемија и компатибилност која вообичаено постои меѓу вас е чиста фикција? Дали можеби е крајно време да направите промени во урнекот?

Дилемата е во тоа дали типот на девојка/дечко кој вообичаено не привлекува е разумска или емотивна творба? Ако е разумска е подложна на контрола, што значи може да интервенирате и да ставите мораториум на сите карактеристики кои ќе ги идентификувате како извор на проблеми во врската. Но, ако е емотивна творба тогаш е надвор од ваши раце. Судејќи по моите животни приказни точниот одговор ќе да е под б).

Можеби не можете да контролирате какви типови на дечковци и девојки ве привлекуваат, но можете да го контролирате својот став во однос на нив. Учете од грешките и од минатите неуспешни љубовни приказни и оставете и на својата интуиција да ве насочи кон правиот љубовен избор.

1 comment:

  1. или, не се замарајте со ништо, пробајте се` на што ќе налетате, па можда некој од тие ќе биде баш тој вистинскиот!
    што би рекла професорката моја по билогија „и како ќе знаете кој е правиот за вас ако не пробате едно 6-7 минимум?“
    без дебати, без нервози, без правење тестови и мерења на рејтинг по чудни телевизии, стеј кул, и само посматрај од страна кој се` е спремен да го преврти целиот свет наопачки само за тебе :)
    кате, фала богу што отвори блог, чоек, овде далеку полесно се коментира него на веб страници :)

    ReplyDelete