Monday, May 18, 2009

Реален Фејсбук ивент




Младински Образовен Форум (МОФ) ги кани сите студенти и млади луѓе да се вклучат во “Реалниот Фејсбук ивент“!!!

Настанот е инициран поради фактот што студентското движење, поради пасивноста на СПУКМ се сведува на Facebook групи и настани. Одлично е тоа што младите се активни на Facebook, но сега е време да излеземе и јасно да го кажеме својот став.

Затоа Младински образовен форум ве поканува во среда, на 20 мај, да дојдеме во 12:00 на платото пред УКИМ на најголемиот студентски Facebook настан.

Настанот ќе изгледа слично како и секој друг Facebook настан, со тоа што ќе се одвива во реалноста наместо на Facebook. Ќе има големо платно што ќе го претставува ѕидот за коментирање. Ќе може да се пишуваат коментари на ѕидот поврзани со темата на настанот (студентско организирање, студентски проблеми). Исто така, ќе има и повеќе групи на кои луѓето ќе може да се приклучуваат, исто поврзани тематски со настанот. Поентата е да се поттикнат студентите да размислуваат на темата, а Facebook тематиката е избрана бидејќи досега најголемите дискусии околу оваа тема се токму на Facebook. Време е да почнеме да го живееме Facebook во реалноста.

Сите дискусии и критики кои ќе излезат на површина на настанот ќе бидат земени во предвид во понатамошните студентски акции. Исто така, сите оние кои ќе сакаат да се вклучат во наредни вакви акции, ќе можат да добијат повеќе информации во среда во 12:00 на платото пред УКИМ.

No comments:

Post a Comment