Wednesday, May 27, 2009

Let there be rock...

Се случи конечно и тоа... Секоја година ќелијата заминува на една музичка авантура да се прочисти од сите затупувачки елементи на секојдневната рутина. Оваа година тоа беше концертот на AC/DC во Београд-балканската музичка мека...

Let there be light, and there was light Let there be sound, and there was sound Let there be drums, there was drums Let there be guitar, there was guitar, ah Let there be rock...

Музичката мантра на нашите животи (сепак сме деца израснати во Маракана...).

Стадионот на Партизан не беше особено импресивен за моите големи очекувања, сепак само 50.000 публика... И тоа публика како на моторџиски фестивал. Се пиеше пиво и пиво и само пиво (да ми живее TUBORG-пивото на моите концертни дани), не памтам дека се јадеше нешто, се викаше и скокаше...

На крај, спакувани во смрдливо комбе на пиво (пошто не само што имаше за пиење, имаше и за бањање), си тргнавме за Скопје...Пред да трепнеме бевме на граница. И тука веројатно шоферот го имаше својот најбољи момент-влага цариникот да разгледа и освен што го мава неподнослива реа на пот и пиво, собира здив да праша
“Имате нешто да пријавите?“.
И тука следува највицкастиот одговор на шоферот на расипан српски
-“Само емоции са доброг концерта“...

Пошто царина не ни наплатија на емоциите и спомените, си ги донесов дома за да ги споделам со сите вас... А највеќе со нашата ќелија...


Monday, May 18, 2009

Бесплатна, незадолжителна антикорупциска вакцинација за сите! Филмска премиера...



Младински Образовен Форум ве поканува на премиерно прикажување на четирите победнички краткометражни студентски филмови од видеоконкурсот на тема “Антикорупциска вакцинација“, плус средба со авторите, плус добра drum'n'bass журка...

На репертоарот се:
“БУМЕРАНГ“

“2000 ЕВРА“

“НЕ ПРЕПИШУВАЈ (или секогаш погрешно ќе те сфатат)“ и

“ДИЗАЈНЕР“

и DJ сет на АndrejNalin !!!

Дојдете да се вакцинирате...

Локација: Мала Станица
Датум: четврток, 21 мај 2009, почеток 21 часот

Реален Фејсбук ивент




Младински Образовен Форум (МОФ) ги кани сите студенти и млади луѓе да се вклучат во “Реалниот Фејсбук ивент“!!!

Настанот е инициран поради фактот што студентското движење, поради пасивноста на СПУКМ се сведува на Facebook групи и настани. Одлично е тоа што младите се активни на Facebook, но сега е време да излеземе и јасно да го кажеме својот став.

Затоа Младински образовен форум ве поканува во среда, на 20 мај, да дојдеме во 12:00 на платото пред УКИМ на најголемиот студентски Facebook настан.

Настанот ќе изгледа слично како и секој друг Facebook настан, со тоа што ќе се одвива во реалноста наместо на Facebook. Ќе има големо платно што ќе го претставува ѕидот за коментирање. Ќе може да се пишуваат коментари на ѕидот поврзани со темата на настанот (студентско организирање, студентски проблеми). Исто така, ќе има и повеќе групи на кои луѓето ќе може да се приклучуваат, исто поврзани тематски со настанот. Поентата е да се поттикнат студентите да размислуваат на темата, а Facebook тематиката е избрана бидејќи досега најголемите дискусии околу оваа тема се токму на Facebook. Време е да почнеме да го живееме Facebook во реалноста.

Сите дискусии и критики кои ќе излезат на површина на настанот ќе бидат земени во предвид во понатамошните студентски акции. Исто така, сите оние кои ќе сакаат да се вклучат во наредни вакви акции, ќе можат да добијат повеќе информации во среда во 12:00 на платото пред УКИМ.

Saturday, May 16, 2009

Patti Smith Countdown-53 days to go


Време е да се започне одбројувањето до најсветлиот ден за ова лето-10 јули 2009!!! Освен што е крај на јунска сесија, големата Patti Smith доаѓа на концерт во Скопје. Уште само 55 дена до нејзиниот концерт!
Иако за краток колеблив момент паднав во искушение-што да одберам-Santana или Patti Smith, кога објавија дека картите се пуштени во продажба побрзав до Југотон да не ги снема... Let the countdown begin...

official OFF FEST web page: http://www.offest.com.mk/